Реален или не, конфликтот ја поткопува владата, вели СДСМ
Законот за бранители, неочекувано, може да биде браната под која ќе попушти штотуку формираната влада.
СДСМ во денешното соопштение вели дека „воопшто не е важно дали конфликтот е реален или не“ (предупредувањата од „„Вреди“ до премиерот), но тој на крај „резултира со слаба Влада која ги злоупотребува чуствата на граѓаните“.
Снопче и Мицкоски, заедно со Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните а не да се расправаат. Владата функционира само кога треба да се договорат како да ја партизираат државата и делат привилегии, за сѐ друго е целосно нефункционална. Наместо да владеат во интерес на народот, тие го блокираат напредокот, ги одложуваат реформите и создаваат атмосфера на неизвесност и поделеност.
Овие конфликти внатре во Владата и постојани јавни препукување не се непознати, тоа го правеа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во цел мандат. Во јавност се караа на маса ги делеа бизнисите. Но ВМРО-ДПМНЕ поинаку и не знае да владее освен да одржува некоја тензија постојана што е огромна штета за граѓаните“, вели СДСМ.