Реал гордо го најави своето ново чудо: Погледнете како ќе изгледа „Сантијаго Бернабеу“


Реал Мадрид објави видео кое покажува како функционира спектакуларниот систем за влечење на тревникот на новиот „Сантијаго Бернабеу“

 

Работата на целосното реновирање на „Сантијаго Бернабеу“ е прилично одмината. Кога ќе биде готов, а се очекува да биде во втората половина на 2022 година, култниот стадион на Реал ќе добие целосно нов надворешен изглед, но значително ќе биде променет и внатрешноста.

Реал подигна голем заем за финансирање на реновирањето на „Бернабеу“, кој ќе се враќа со децении, а со камати бројката ќе се приближи до 800 милиони евра. Со голем број нови објекти, од ресторани и барови до бутици и хотели, челниците на Реал очекуваат дека новиот „Бернабеу“ ќе стане фабрика за пари и дека отплатата на кредитот нема да биде проблем.
Мадриѓани со гордост истакнуваат дека тоа ќе биде стадион на 21 век, пример за дигиталната иднина. Ќе биде опремен со видео екран од 360 степени и подвижен покрив, пренесува Дневник.хр.

Меѓу многуте „чуда“ се издвојува можноста за склопување на теренот и негово складирање во посебна комора.

Бидејќи Реал Мадрид има намера стадионот да живее 24 часа на ден и да биде домаќин на настани кои немаат никаква врска со фудбалот, од други спортови до концерти, саеми и конгресни собири, можноста за брзо движење и враќање на тревникот во првобитната положба е од витално значење.