Реал без петмина стандардни на дуелот со Осасуна


Познат е составот на Реал Мадрид за натпреварот од 6. коло од Шпанското првенство против Осасуна, е објавено на официјалниот Твитер на „кралскиот клуб“.

Зидан помеѓу 19-те не ги вброи дефанзивците Ферлан Менди и Марсело, играчите од средниот ред Иско и Лука Модриќ, како и офанзивецот Герет Бејл.

Натпреварот Реал – Осасуна се игра вечер од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.