Реакции за гласањето во ЕП: Неправда или „епска неспособност“?


За само 12 месеци да “успееш” со своите погрешни и популистички политики да го избришеш македонскиот јазик и македонскиот идентитет на својот народ, треба да поседуваш епска неспособност, реагираше денес Андреј Жерновски , поранешен заменик министер за надворешни работи и амбасадор.  Тој смета дека „од ваквите квазипатриоти“, кои се гласни и силни војводи кога се во опозиција, а кротки и неспособни “државници” кога се на власт, допрва ќе си пропатиме.
Со реакција излегоа и од  ОМО „Илинден“-ПИРИН, како член на ЕФА – Европската слободна алијанса.
 
„ЕФА, ОМО „Илинден“, репресираните Македонци во Бугарија и останатите македонски организации во Бугарија направивме се што можеме за извештајот за Македонија во Европскиот парламент да помине без промени. Се трудевме да го свртиме вниманието на европските парламентарци и на тоа што Бугарија го прави со македонското малцинство во Бугарија. Тоа беше месец на засилено лобирање во кое ги вложивме сите наши сили и скромни можности. Во процесов ние ја имавме целата поддршка на ЕФА на која специјално ѝ се заблагодаруваме. За несреќа егоистички интереси поново преовладаа, но борбата продолжува и правдата ќе победи!Македонската нација и нејзините малцинства се тука за да опстанат, независно од сите назадни негатори во соседството, порачаа од ОМО „Илинден“- Пирин.
 
Од ЕФА пак исходот од гласањето го нарекоа разочарувачки бидејќи европарламентарците не успеале да го подржат признавањето на македонскиот идентитет и уште еднаш големите партии во ЕП не успеале да да ги престават гласовите на тие што не се слушнати во него. ЕФА наедно потсетува дека македонското малцинство во Бугарија се соочува со сериозна дискриминација и тотално непризнавање од државата.еслушнати во ЕП.
 
„Отстранувањето дури и на симболичното признавање на македонскиот идентитет и јазик испраќа опасна порака дека идентитетот е предмет на преговори за пристапување во ЕУ. Тоа ја легитимира злоупотребата на својата позиција од страна на Бугарија за вршење притисок врз држава-кандидат и сигнализира толеранција кон политиките што ги кршат основните европски вредности“, порачаа од ЕФА.
 
Имаше и една реакција од бугарски граѓанин која е релативно поучна:
 
„Северна Македонија постигна уште еден автогол. За 30 години Бугарија го изоди патот до полноправно членство во ЕУ, НАТО, Шенген и пристапување кон европската валута. Во истите години, новата независна држава Северна Македонија не направи ниту еден чекор напред. Причината е многу едноставна – прво, Југословените сакаа да станат антички Грци и наследници на Филип и Александар за да ја украдат античката грчка историја…. Потоа решија дека се наследници на бугарските војводи од БРТЦК-ВМОРО-ВМРО и бугарските преродбеници Браќа Миладинови, Шапкарев, Жинзифов, Џинот итн…. Сега конечниот резултат е тука – тие ќе останат надвор од ЕУ уште најмалку 20 години. Српските слуги на чело на нивната држава се радуваат – српскиот свет е отворен за Северна Македонија“.