Реакции: Грбот си е добар, со кичмата имаме проблем
14/02/2025 14:46
„Грбот си е добар, него со кичмата имаме проблем. Лесно се витка“, е реакција на граѓанин на социјалните мрежи околу ненадејната најава дека во рамките на коалицијата ќе се разговара за промена на грбот, химната и „20 отсто“ за Албанците.
Од граѓаните веста главно се смета за спин за да се тргне вниманието на јавноста од неуспесите на владата околу контрола на цените, економската состојба и евроинтеграцијата.
Највпечатливата реакција притоа е – „Пред да го смените грбот, вратете го името“, што кажува колку несериозно ги сфаќаат граѓаните сега, по сите искуства, ваквите несериозни политички дистракции од реалноста. Еве некои од реакциите и конкретните предлози за нов грб:
„Името ќе го враќаа, на крај испадна грбот ќе го менуваат. Пропалитет партија – број 1 непријател на Македонија“.
„Народ нема леб да јаде, бојкотира маркети пошто не може да сврзе крај со крај… они со изјава дека решиле да го отворат прашањето за државниот грб. Пола држава е на питачки стап… ај ваљда новиот државен грб ќе им ги плати сметките и школува децата“.
„СДС се откажаа од знаме, име, историја, само од комунизмот не се откажуваат, затоа и се против Македонија за прв пат да има вистински грб“. (Петокраката инаку е тргната одамна од грбот и тој нема политички обележја)
„Нема да биде никогаш држава од ова дувло на кодоши и предавници, продадени за пари“.
„Менувањето на грбот несомнено ја отвара Пандорината кутија.. Барањата на Албанциве им се максималистички. Со тргање на јазикот од 20%, со менување на химната и ред други работи влегуваме во процес на БИ-национална држава, што е погубно за нас како држава“.
„Класичен спин – наместо да зборуваме за поскапата струја, храна и вода, нѐ убедуваат дека најважен е редизајнот на симболи. Но, со нов грб не се плаќаат сметките, не се полнат фрижидерите и не се подобрува животот на граѓаните“.
„Ало Мицкоски, за да ја консолидираш државата, треба да почнеш од некаде, а тоа е веднаш да изгласате закон со кој ќе се намалат патните трошоци за 80%. Така се почнува консолидација, за народ да почне да ви верува. Сѐ друго е демагогија и измама“.
„Гоце Делчев, Изет Меџити, Таравари , Сандански…) (Предлог за химната)
„Уште лименката Нес кафе и таман…. ќе помине“.
„Јас предлагам на новиот грб да биде насликана некоја депонија како чади, долу чопор кучиња, и река во која плови машина за перење. Со тоа би биле опфатени сите национални интереси во државата“.
„Ајде, не паѓајте на спинови од Касами. Колку Бугари во Устав, толку Албанци во химна“.
„Искрено не знам што му фали на грбов. Преубав е, ни еден грб нема да ја опише толку многу Македонија како овај“.
„Што им смета ‘Заветна‚ на северџаните? Зошто им смета ‘Бисер балкански‚, знамето, името, било која песна во која се пее за Македонија? Зошто им копа очи сѐ македонско? За пуста плата од УСАИД?“
„Корупција, криминал, непотизам, социјална и економска криза, загаден воздух… шефе, што да правиме? Ќе го смениме грбот!“
„Новиот грб на Македонија. Поделено општество, владеено од лавот и двоглавиот орел. Народот е претставен во форма на овци“.
„И химната ќе ја чепкате? Северна и таму да се вметне? Тоа е ваши бизнис зделки и немаат ништо со народот“.
„Кој идиот треба да бидеш за во Македонија да отвораш расправа за државниот грб? Кој патем ги има сите државни обележја, кои никому не му пречат. Се мислам дали е ОК да се замени со слика од загадено Скопје, чекалната во онкологија…“
„Не се изненадувајте, и мајка ќе продадат за некое евро од некаде. Спремајте се за орле во пасош“.
„ДПМНЕ успеа од грбот на државата да направи зоолошка градина…“
„Сегде ќе го ставиме лавот. Не само на грбот. Ќе се поклонувате пред да влезете било каде“.
„Никој веќе не збори колку е скапо по маркетите од кога Мицко ви го пушти муабетот за грбот“.
„Мицкоски пред избори викаше етничките прашања нема да бидат тема на неговата влада“.
„Италија, која била на страна на фашистите, го има грбот со петокрака. Нашите кои се бореле против, ја бришат петокраката. Сега балистите и михајловистите (читај фашистите) ќе ви нацртаат нова“.
„Касами нека не објаснува. Химната нема да се менува, а албанскиот јазик не може да се внесе бидејќи тој зависи од процентот на попис. Албанците притискаат за ова бидејќи знаат дека пописите се нереални и нивните бројки. 15%-17% од населението нема да имаат службен јазик!“
„Интересна работа е како на ниеден ‘патриот’ вмровец сега ова не му смета, штама е по твитеров ?!?“
„Од денес над Македонија, до Рока Мандолина! Ех Заветна, заветна, жива водо подземна…“