Разрешен заменик генералниот директор на „Халкбанк“


– Заменик-генералниот директор на турската Халкбанк одговорен за управување со активи и пасиви на банката како и за меѓународни банкарски трансакции, е отстранет од должност.

Не е јасно зошто е разрешен од функција Еркан Каламџи кој ја презеде таа должност во февруари, јавуваат западни медиуми.

Халкбанк е третата по големина банка во државата по состојба со активи. Каламџи во август лани поднесе оставка од функција во централната банка по што стана член на бордот на Турската банка за развој.