Разорни последици од пожарот во Валенсија, целосно зафатил две станбени згради


Пожарот што попладнето избувна во една од зградите во шпанскиот град Валенсија, се прошири на просторот на целата зграда како и на соседната зграда, што дополнително ја отежнува работата на бројните противпожарни единици кои се на на земјата.
Според медиумите во Шпанија, пожарникарите во последен момент спасиле брачен пар кој бил на балконот кога пожарот се проширил на подот на кој се наоѓале.

„Шест повредени со изгореници се префрлени во бројни болници. Исто така, повредени се тројца пожарникари. Двајца се здобиле со изгореници на рацете, а еден има фрактура на зглобот“, пишува Ла Разон.

Покрај зградата која речиси целосно изгоре, пожарот се прошири и на соседната зграда која ја доживеа истата судбина.

Во областа кај пожарот пожарникари како и припадници на итната помош и армијата учествуваат во изградбата на теренска болница каде треба да бидат згрижени сите повредени.

Пожарникарите мобилизираа десет општински екипи, како и три специјални единици за гаснење на пожарот.