Разбиен синџир на шверцери на луѓе во Германија, кои криумчареле бегалци

Германската полиција вчера извшри претреси во повеќе објекти низ земјата и уапси шестмина осомничени за шверц на најмалку 150 бегалци.
„Во текот на денот пребаравме повеќе од дваесет објекти низ Германија и приведовме шест лица кои се осомничени дека илегално превезувале бегалци во Германија, делумно под опасни околности“, соопшти полицијата за областа Северен Хесен, која ја координираше операцијата.
Шверцерите барале од 600 до 2.000 евра
Според полициското соопштение, истрагата која трае една година дошла до заклучок дека осомничените со изнајмени камиони превезувале бегалци, главно од Сирија, од територијата на Белорусија, Полска и Австрија.
За оваа услуга на бегалците им барале од 600 до 2.000 евра. Така, на територијата на Германија беа префрлени вкупно најмалку 150 бегалци. Осомничените се државјани на Сирија, Иран и Ирак.
Некои бегалци беа привремено сместени во таканаречените „безбедни куќи“ во областа на Северна Хесен и оттаму ќе бидат префрлени до нивните крајни дестинации во Франција, Белгија или Холандија. Двајца осомничени се обвинети и за шверц на поголемо количество наркотици.