Расте нервозата во Суецкиот канал – праќаат повеќе бродови за да го одглават насуканиот џин (видео)


Обидот за враќање на заглавениот брод што го блокираше поморскиот сообраќај преку Суецкиот канал не успеа, објави во петокот компанијата Bernhard Schulte Shipmanagement (BSM).
Компанијата објави дека холандскиот тим за спасување од Смит Салваџ потврдил дека таму ќе испратат уште два брода зе влечење на 28 март за да помогнат во извлекувањето на бродот „Евергрин“ натоварен со контејнери.

„Во моментов сме фокусирани на багери кои отстрануваат песок и кал пред лакот на бродот“, се вели во соопштението на БСМ.

Специјален вид багер што може да извади 2.000 кубни метри материјал на час беше испорачан во четвртокот, а во тек е договор за испорака на пумпа со поголем капацитет што ќе ги намали нивоата на вода во предните комори на бродот и системот за ладење на лакот, се додава во соопштението.

Првичната истрага сугерира дека бродот се насукал поради силниот ветер и исклучила каков механички проблем или дефект на моторот, бидејќи бродот во вторникот пловел по каналот со двајца морнари, објави БСМ.

Сите 25 членови на екипажот на бродот, сите индиски државјани, сè уште се наоѓаат на бродот и се во добра здравствена состојба.