Расте инфлацијата во Италија
Во јули, алкохолните пијалоци и тутунот во Италија поскапеле за 2,4 отсто на годишно ниво, облеката и обувките поскапеле за 1,1 отсто, услугите во областа на рекреацијата и културата за 2 отсто, услугите во рестораните и хотелите за 4,3 проценти, што во сите наведени случаи претставува забрзување во однос на јунскиот годишен раст на цените.
Наспроти тоа, цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемени за 0,9 отсто на годишно ниво, а мебелот и опремата за домаќинство за 0,3 отсто, во здравството за 1,5 отсто и во областа на транспортот за 1,5 отсто. со побавно темпо отколку во јуни.
На месечно ниво, потрошувачките цени во Италија се зголемени за 0,4 отсто во јули. Гувернерот на Банката на Италија, Фабио Панета, во јули објави дека италијанската економија пораснала за 0,3 отсто во вториот квартал од 2024 година во споредба со претходниот квартал.
Според него, италијанската економија расте со умерено темпо и може да се потпре на зајакнувањето на бизнисот, солидната финансиска положба на семејствата и силата на италијанските банки.
Панета изјави дека овие фактори „и овозможуваат на Италија да гледа кон иднината со доверба, но тие не треба да водат кон претеран оптимизам“, пренесува АНСА.
Во јуни, Централната банка на Италија ја намали прогнозата за економски раст на земјата на 0,9 отсто во 2025 година и на 1,1 отсто во 2026 година.