Расте елката во Скопје (фото)

Фото: Б. Грданоски

Колку повеќе желби во Новата 2021 година, толку поголема расте елката на плоштадот на Скопје, како симбол на радост, надеж, детска смеа и дружење со семејството.

Фото: Б: Грданоски

Годинава, во услови на Ковид-19, кога здравјето ни е најверниот пријател(ка), кога ги губиме најблиските и се радуваме на секое новороденче, елката е тука да не потсети дека  празници се ближат…Не врне снег, ама студот ја најавува зимата.

Фото: Б: Грданоски

Граѓаните на Скопје или странците можеби ќе ѝ се израдуваат на елката, можеби ќе застанат да ѝ се восхитуваат на нејзината новогодишна црвена тоалета од светилки, а можеби молчешкум ќе поминат покрај неа, како долгогодишен пријател со кој сте делеле добро и лошо, а сега не можете ни здраво да си кажете.

Фото: Б: Грданоски

Ќе помине и оваа година, ќе ни остави лузни во секој случај, животни, професионални или политички…Следната година ќе бидеме една година постари, можеби и помудри…и конечно и официјално во семејството на ЕУ. Заслуживме! (Л.С.)

 Фото: Борис Грданоски

Фото: Б. Грданоски