Епидемијата не застанува: 1.347 нови случаи со Ковид-19, починати 17, најмладиот на 23 години
Нема никаков знак дека епидемијата на корона вирусот може да подзапре. денеска се регистрирани дури 1.347 нови случаи на Ковид-19. Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, што значи дека процентот на позитивни примероци изнесува високи 32,8 отсто. Бројката на активни случаи се искачи на 16.030.
Според градови:
Скопје – 643, Куманово – 90, Прилеп – 85, Велес – 61, Охрид – 56, Битола – 50, Кавадарци – 47, Тетово – 40, Гостивар – 35, Гевгелија – 34, Штип – 30, Струмица – 25, Неготино – 19, Кочани – 15, Кичево – 13, Радовиш – 12, Пробиштип –8, Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово – по 7, Свети Николе, Дебар и Македонски Брод – по 6, Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево и Пехчево – по 3, Кратово – 2.
Регистрирани се 451 оздравени пациенти:
Скопје – 245, Прилеп – 40, Кавадарци – 23, Гевгелија – 19, Штип – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Тетово и Велес – по 11, Гостивар и Струмица – по 10, Куманово – 9, Битола – 7, Демир Капија – 5, Берово – 4, Пробиштип и Богданци – по 3, Кратово – 2, Ресен, Дебар, Крушево и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 до 90 година и тоа: осум пациенти од Скопје, од Прилеп – два, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од нив 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, бројката на оздравени пациенти е 102.652, на починати е 3.545, а бројот на активни случаи изнесува 16.030.
Епидемиолошка анализа за заболени и активни случаи по градови:
Скопје 54.599, активни 8.116
Прилеп 6.656, активни 963
Куманово 6.395, активни 633
Тетово 6.071, активни 487
Гостивар 4.311, активни 397
Кавадарци 4.198, активни 672
Велес 4.142, активни 535
Битола 4.054, активни 515
Штип 4.030, активни 308
Охрид 3.897, активни 643
Струмица 3.089, активни 274
Струга 2.593, активни 179
Кочани 2.126, активни 202
Кичево 1.909, активни 114
Неготино 1.809, активни 430
Гевгелија 1.661, активни 326
Свети Николе 1.204, активни 77
Крива Паланка 1.024, активни 118
Ресен 946, активни 134
Радовиш 850, активни 93
Дебар 825, активни 30
Делчево 819, активни 90
Берово 779, активни 96
Пробиштип 645, активни 73
Виница 571, активни 44
Валандово 472, активни 82
Крушево 412, активни 129
Богданци 379, активни 66
Демир Капија 330, активни 75
Кратово 318, активни 25
Демир Хисар 318, активни 47
Македонски Брод 283, активни 30
Пехчево 209, активни 14
Македонска Каменица 197, активни 4
Дојран 106, активни 9