Расте бројот на жртвите на масовниот убиец во Канада


Вооружениот напаѓач Габриел Вортман, кој се маскирал како полицаец на (РЦМП), започнал 13-часовен крвав масакр доцна во саботата во провинцијата Нова Шкотска сè додека полицијата не го пронајде и убие во неделата.

(РЦМП)  соопшти дека очекува бројот на загинатите да се зголеми, бидејќи истражува 16 сцени на злосторства во провинцијата Нова Шкотска, од кои неколку вклучуваат запалени куќи, пренесува Ројтерс.

Полицијата не соопшти дали масовниот убиец, стоматолошки техничар, е меѓу 23-те убиени и наведе дека најмладата жртва имала само 17 години.

Се тврди дека Вортман знаел некои од жртвите.

Меѓу жртвите имало  полицаец, учител и медицинска сестра.

Полицијата соопшти дека има и повредени.

Канадската полиција допрва треба да го утврди мотивот за најголемиот масакр во земјата