Расте бројот на заразени фудбалери во Шпанија

Шпанија- Шпанците како Англичаните и Италијанците се обидуваат да го најдат вистинскиот начин за да ја продолжат сезоната.

Но, Ла Лига уште на стартот се соочува со проблеми. Денеска излезе информација дека нови тројца фудбалери се позитивни на Ковид-19. Станува збор за членови на Реал Бетис, но нивните имиња не откриваат. Двајца од нив немале никакви симпотими.

Претходно беше откриено дека Jанхел Ерера, Ренан Лоди и Алекс Ремиро се позитивни на КОВИД-19.

Зголемувањето на бројката дефинитивно ќе го отежни планот на челниците на Ла Лига.