Расте бројот на излечени во Италија, се помалку жртви и новозаразени


Во Италија продолжува да опаѓа бројот на починати од Ковид-19 на дневно ниво како и бројот ан новозаразени, а расте бројот на оздравени.
Денеска починаа 242 пациенти, што е за 20 помалку од вчера, а потврдени се уште 789 заболени, односно 200 помалку од четвртокот, пренесе Ројтерс.
Од почетокот на епидемијата во Италија вкупно од Ковид-19 починаа 31.610 луѓе, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.  Бројот на потврдени случаи се качи на 223.885. По бројот на починати Италија е на трето место, по САД и Британија, а по бројот на заразени е петта по САД, Шпанија, Британија и Русија.
На интензивна нега се 806 луѓе, а до денеска оздравеле 120.205 луѓе, што е за 5.000 повеќе од вчера.