Раст на профитот на „Европа“ од 64 отсто

Производителот на кондиторски производи „Европа“ информира дека нејзината неконсолидирана нето добивка во првата половина на 2020 година пораснала за 64 отсто на годишно ниво на 42,7 милиони денари (691.420 евра).

Според податоците за финансиското работење на компанијата, приходите на „Европа“ во посочениот период пораснале за 10 проценти во однос на првите шест месеци од минатата година на 366,6 милиони.

Како што јави СЕЕ Њуз, продажбата на компанијата на домашниот пазар е зголемена за девет отсто на 160,4 милиони денари, а во странство за 11,4 проценти  на 205,1 милиони денари.

Вкупните оперативни трошоци на „Европа“ во првите шест месеци од годинава пораснале за 7,8 отсто на годишно ниво на 343,7 милиони денари, а материјалните трошоци за 13,7 проценти на 189,9 милиони денари.