Раст на цените на нафтата


Цените на нафтата по шест недели го достигнаа максимумот поради евакуацијата на платформите во Мексикански Залив поради невремето, како и поради зголемените тензии со британскиот танкер.

Цената на северноамериканската нафта „брент“ е зголемена за 40 центи и се продава за 67,41 долар за барел.

Во исто време, американската „лесна“ нафта поскапи за 33 центи и се продава за 60,76 долари.

Зголемувањето на цената на нафтата е и поради падот на резерви во САД. Според податоците на американската Управа за енергетски информации (ЕИА) од 5 јули резервите во САД се намалени за 9,5 милиони барели, што е значителен пад во однос на предвидувањата на аналитичарите, кои прогнозираа пад од 3,1 милиони барели.

Производителите на нафта во САД вчера го намалија производството за речиси една третина во Мексикански Залив, пред една од првите големи бури во сезоната на урагани во тоа подрачје.