Расправајте се на работа, ќе бидете поопуштени дома
Луѓето кои отворено ја изразуваат лутината и бесот во расправите се поздрави од оние кои го потиснуваат бесот и се повлекуваат од конфликти, тврдат истражувачите од Универзитетот во Мичиген.
Тие анализирале податоци од 2.000 учесници во истражувањето на возраст од 33 до 84 години.
Испитаниците кои чувствувале тензија и биле преплавени од негативни емоции кои ги задржувале за себе, имаат симптоми на физички тегоби, од болки до сериозни заболувања.
За разлика од нив, испитаниците кои се впуштале во расправа во текот на претпладнето, попладне чувствувале апсолутен мир, без ни еден вознемирувачки симптом.
Нивото на кортизол, хормонот на стрес, кај нив бил низок во однос на испитаниците кои сѐ задржувале во себе.
Затоа, ниеден конфликт не треба да се гуши, туку со расправа треба да се дојде до решение, без оглед на тоа дали станува збор за несогласувања со директорот, сопружникот, децата или се некој друг од окружувањето, порачуваат истражувачите.