Рашковски за ТВ24: Многу е евтино во Мексико


Фото: Б. Грданоски Илустрација

Поранешниот генерален секретар на Владата, а сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма, Драги Рашковски, во изјава за ТВ24 вели дека одморот за Мексико го испланирал пред неколку месеци кога не можел да што ќе се случува на политичката сцена.

– Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така што, искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш пониски. Проверете на „Букинг“. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра – изјави Рашковски.

На Рашковски не му се „заканува“ карантин по враќањето од Мексико, затоа што според министерот за здравство Венко Филипче, таква обврска имаат само оние кои се враќаат од Африка.

– Карантин од 14 дена е препорачан за луѓе кои патуваат во земји од африканскиот континент. Причина е евентуална трансмисија на онаа јужноафриканска варијатна во земјава која многу побрзо се пренесува и поради тоа што сѐ уште не се знае ефектот на вакцините врз овој сој на вирусот. Не е загрозена работата на владата во делот на кризното менаџирање. Не би сакал да ги коментирам тие одлуки за патување – рече Филипче.