Рашковски му изјави на „Фокус“ дека бил на одмор во Мексико


Фото: Б. Грданоски
На прашањето дали избегал во Мексико Рашковски кусо одговорил: „Зошто би бегал?“
Рашковски е во центарот на сторијата на „360 степени“ според која тој додека бил генерален секретар во Владата набавил софтвер за сообраќајни прекршоци за камерите од „Безбеден град“ кој никогаш не бил искористен. Софтверот го патентирал самиот Рашковски, а Министерство за внатрешни работи не било информирано за набавката. Оттаму тврдат дека не им бил потребен таков софтвер и дека немало координација за набавката.