Рашела Мизрахи на чело на Илинденската коњаница кон Мечкин Камен


Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна техничка министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, годинава ќе ја предводи коњаницата којашто традиционално секоја година заминува кон Мечкин Камен за да учествува во прославата на празникот Илинден.

Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево. Ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и како се сака Македонија. Голема е честа да ја предводам коњаницата! Нека ни е лесен патот низ македонските планини до Мечкин Камен“, соопшти Мизрахи.