(ВИДЕО)Раселените Палестинци не можат да се вратат дома откако Трамп посака да се „исчисти Газа“
Раселените Палестинци беа блокирани да се вратат дома бидејќи претседателот на САД, Доналд Трамп сугерираше дека треба да се „исчисти“ Газа. Хамас го обвини Израел дека го прекршил кревкиот договор за прекин на огнот во Газа со тоа што спречил стотици илјади Палестинци да се вратат во северниот дел на појасот.
„Окупацијата застанува наводно заради затвореникот Арбел Јехуд, и покрај тоа што движењето ги информира посредниците дека таа е жива и ги дава сите потребни гаранции за нејзино ослободување“, се вели во соопштението на палестинската милитантна група. „Хамас го смета Израел одговорен за доцнењето во спроведувањето на договорот“, се додава.
Хамас во саботата ослободи четири израелски војници, а Израел ослободи околу 200 палестински затвореници.Но, Израел рече дека уште една заложничка, цивилната жена Арбел Јехуд, требало да биде ослободена пред војниците и дека нема да го отвори коридорот Нецарим – кој ги преполовува северните и јужните половини на појасот – додека таа не биде ослободена.
Израел исто така, го обвини Хамас дека не дал детали за условите на заложниците кои треба да бидат ослободени во наредните недели. Многу Палестинци чекаат инструкции од израелската војска на улицата Салах ал-Дин, јужно од коридорот Нецарим и на патот Ал Рашид, западно од бегалскиот камп Нусејрат, во центарот на Газа.
За потсетување, Доналд Трамп вчера изјави дека и дал наредба на американската војска да ја ослободи испораката на бомби за Израел, блокирани од поранешниот претседател Џо Бајден.
„Ги ослободивме. Ги пуштивме денес. И ќе ги имаат. Ги платија и ги чекаа долго време. Тие беа во складиште“, им рече Трамп на новинарите.
Footage has emerged showing huge crowds waiting to pass the Netzarim Corridor, a road which separates north and south Gaza which is controlled by Israeli forces pic.twitter.com/8VboHedGkN
— Sky News (@SkyNews) January 26, 2025
Бајден ја прекина испораката на тие бомби поради загриженоста за разорното влијание што може да го имаат врз цивилното население, особено во Рафа во Газа, за време на израелската војна на палестинската територија, во која досега загинаа над 47.200 луѓе. Една бомба од 2.000 фунти може да помине низ дебел бетон и метал, создавајќи широк радиус на експлозија.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска му се заблагодари на Трамп што го одобрил ослободувањето на пратката со бомби.
Вашингтон вели дека му помага на Израел да се одбрани од милитантните групи поддржани од Иран како Хамас во Газа, Хезболах во Либан и Хутите во Јемен. Но, Израел е обвинет за геноцид и воени злосторства во Газа, обвиненијата што Израел ги негира. Соединетите Американски Држави несомнено го поттикнаа воениот напад на Израел со тоа што му обезбедија оружје и и даваа дипломатско покривање на администрацијата на Бенјамин Нетанјаху на меѓународната сцена.