Расчистена тешка кражба во Кисела Вода


Фото: Б. Грданоски

СВР Скопје – Одделение за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ќе поднесе кривична пријава против 45-годишниот З. Т. од општина Илинден поради постоење основи на сомнение за сторено кривично тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик, извести МВР.

– По преземените мерки и извршеното вештачење, било констатирано дека тој со употреба на сила влегол во куќа на подрачјето на Кисела Вода и одзел предмети, соопшти МВР.

Лицето било лишено од слобода и со него бил извршен службен разговор.