Расчистена депонијата под Кале, ако повторно се собере ѓубре сопствениците ќе бидат казнети


Градот Скопје целосно ја расчисти депонијата под скопското Кале, која до пред неколку недели беше дива населба каде што се палеа огнови на отворено. Локацијата е во приватна сопственост, а градските власти ги предупредија сопствениците да го оградат местото и во иднина да ја одржуваат хигиената на парцелата.

Истото, велат во Градот Скопје ќе важи и за сите други сопственици на имоти кои ги запустеле и дозволиле да се претворат во депонии. Од таму најавуваат засилени контроли и ригорозни казни за оние што ќе дозволат да се трупа ѓубре и го загрозуваат здравјето на граѓаните.