Раперот Кање Вест ќе го плати школувањето на ќерката на убиениот Флојд


САД– Раперот Кање Вест  формираше фонд за колеџ за покривање на школарината за 6-годишната ќерка на Џорџ Флојд, Џана, кој минатиот понеделник беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис.

Кање Вест е втор на листата на Форбс на најбогати славни личности за 2019 и најбогат музичар во 2019 , со заработка од 170 милиони долари.

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата на Флојд.Познати личности, активисти за граѓански права, политичари, обични граѓани, пријатели и семејството на убиениот Флојд беа меѓу собраните на комеморацијата во капелата на Универзитетот.

Тие му оддадоа почит на Флојд стоејќи во тишина осум минути и 46 секунди, времето колку што офицерот Дерек Шовин го држел коленото на вратот на жртвата.
Адвокатот на семејството Флојд, Бенџамин Крамп изјави дека не сакаат два правосудни системи во САД, еден за црнците и еден за белците.

-Џорџ Флојд не го уби пандемијата на корона вирусот. Другата пандемија ,што многу добро ја знаеме во САД, го уби Џорџ Флојд, пандемијата на расизамот и дискриминација, рече Крамп.