„Рамстор“ дел од завршната церемонија на програмата „Млади менаџери и бизнис лидери“


Денес компанијата „Рамстор“ беше дел од настанот организиран од Кабинетот на претседателот за доделување на сертификати на учесниците во програмата „Млади менаџери и бизнис лидери“.

За компанијата претставува големо задоволство што „Рамсторе“ по  трет пат е дел од програмата „Млади менаџери и бизнис лидери“ на Советот на странски инвеститори  под покровителство на Кабинетот на претседателот на Р.С. Македонија, Стево Пендаровски.

„Веруваме дека со оваа програма им овозможивме на младите, талентирани и иновативни луѓе од Северна Македонија да ги надградат и да ги подобрат своите вештини, споделувајќи го нашето 16-годишно искуство во ретаил секторот,  да ги развијат своите креативни и лидерски способности, преку предавања и обуки од областа на лидерство, но исто така имавме  можност да ги слушнеме размислувањата и знаењата  на младите преку подготвка на студија на случај  и нивните практични совети кои ни оставија силен впечаток“, изјави Даниела Адемоска, генерален директор на „Рамстор Македонија“.

Даниела Адемоска изрази голема благодарност до претседателот Стево Пендаровски за прекрасната организација и неговата поддршка за препознавање на овој проект и инвестирање во него.

(Ова е спонзориран текст)