Рамос побарал Перез да го ослободи од Реал Мадрид


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, побарал од претседателот на клубот, Флорентино Перез, да му дозволи да го напушти клубот како слободен агент, бидејќи има многу профитабилна понуда од Кина, вели „Ел Чирингито“.

Дефанзивецот има 33 години и ја заврши својата 14-та сезона со „белиот“ тим од Бернабеу.

Поради неуспешната кампања на Реал, беше објавено дека Рамос размислува да го смени клубот, а „Марка“ тврди дека Јувентус, Ливерпул и Манчестер Јунајтед имаат интерес да потпишат со него.