Рамадан Рамадани: „Директно велам, го поддржувам Стево Пендаровски“


 

Познатиот граѓански активист и писател, Рамадан Рамадани, јавно ја искажа поддршката за Стево Пендаровски да добие уште еден мандат како претседател на државата. Тој достоинствено ќе нѐ претставува во светот, вели Рамадани.

Рамадани вели: „Спроведувањето на претседателските избори заедно со парламентарните очекувано ќе донесе повеќе поголем одѕив за вториот круг и исполнување на цензусот, но ова спојување донесе и голем број кандидати на претседателските избори, некои чисто од партиски побуди.

Така гледаме дека има кандидати во обид, чисто партиски кандидати кои служат за да ја измерат подршката за две недели подоцна на парламентарните избори и кандидати кои се кандидираат за наводно да го променат претседателскиот систем, нешто што во нашиот систем би требало да биде понуда за парламентарни избори и за промена на устав. А во уставот изричито стои дека Претседателот на Република Македонија ја претставува Републиката.

Тој е симболот на заедништвото на нацијата и дури е дозволено да имаме наши ваши, партии и политичари, претседателот треба да е за сите наш! Според ова се гледа дека всушност има малку вистински кандидати за претседател и дека ќе биде тој за кој и на изборите ќе се потврди дека е наш!

Да не изгледа дека суптилно преку анализа се обидувам да објавам поддршка за претседател на Македонија да кажам и јасно и директно дека претседателот Стево Пендаровски го подржувам и за овој мандат, токму заради овој принцип. Тој беше и е наш маалски претседател по тоа што знае што е маало. Беше и е селски по сите запоставени села кои ги знае и ги посети. Секако градски заради секој град и гратче кое не го заборави и светски; светот го знае и научно и каде достојно нѐ претстави и ќе продолжи да не претставува“, вели Рамадани.