Еди Рама прошета низ Старата чаршија, ја враќа ДУИ од „мртвите“


 

Албанскиот премиер Еди Рама, кој учествува на самитот за Планот за раст за Западен Балкан, денес заедно со Бујар Османи и други преставници на ДУИ прошета низ Старата чаршија во Скопје.

Тој беше пречекан со интузијазам од граѓаните, кои правеа со него селфи. 

Индиректно рама им направи пи-ар кампања на ДУИ, а наедно и на Арбен Таравари кој се појави на една од фотографиите што ги објави албанскиот премиер на социјалните мрежи.