Рама присвои македонска територија на Шар Планина


Албанскиот премиер Еди Рама синоќа објави фотографија од Кривошијска река на Шар Планина и пределот познат како Лешница на Фејсбук, притоа пишувајќи дека таа ја претставува прекрасната Албанија.

„Прекрасната Албанија. Кањонот на Лешница“, напиша Рама покрај фотографијата од водопадите на реката Лешница на Шар Планина.

По објавувањето на фотографијата следеше бура на коментари на социјалните мрежи, а реакција од македонската Влада се уште нема.