Рама: Одлуката на ЕУ за вакцините за Западен Балкан е несреќна


И покрај барањето, ЕУ нема да дистрибуира вакцини во Албанија истовремено со земјите членки на ЕУ, а Балканот ќе ги добие само преостанатите вакцини.Ваквата одлука, за албанскиот премиер Еди Рама е – несреќна, пренесуваат локалните медиуми.

„Ние сме во контакт со „Фајзер “, „Модерна “ и  со некои пријателски земји, но како што знаете ЕУ донесе прилично несреќна одлука. Одлучи државите од Западен Балкан да добијат дел од вишокот.Нема вишок бидејќи побарувачката е поголема од она што се произведува. Она што го знам е дека нема да заостануваме зад другите“, вети Рама.