Рама: Браќа Македонци и Албанци прифатете го францускиот предлог 


 Премиерот на Албанија, Еди Рама преку Твитер реагираше во врска со предлогот на француското претседателство за прашањето Бугарија-Северна Македонија.

Рама пишува дека и се дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија.

-Последниот француски предлог, кој е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!, напиша Рама.

Инаку, премиерот Димитар Ковачевски како услови предлогот да биде прифатен од Македонија претходно  спомена „чиста формулација за македонскиот јазик“, јасна заштита на македонскиот идентитет, вклучувањето на Бугарите во Уставот откако ќе почнат преговорите и историските прашања да не бидат критериуми во преговарачката рамка. Тој повтори и дека треба да има цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската унија дека Бугарија нема да условува со нови барања. Според навестувањата сега испаѓа дека тие барања се задоволени.