Ракометарите ремизираа со Италија


Со нерешениот резултат од 26:26 против Италија, македонската ракометна репрезентација ги заврши настапите од ЕХФ неделата во Турција, па сега тимот се враќа дома и ќе се комплетира за пријателските мечеви со Грузија во Скопје, закажани за 25 и 26 октомври.

Вчера избраниците на селекторот Данило Брестовац ја победија Турција со 26:23, а со Италијанците одиграа изедначен меч, на кој беше нерешено (12:12) и после првото полувреме. Во финишот, Мартин Поповски даде гол за изедначување на 26:26.

Поповски со осум гола беше најефикасен, Томовски имаше девет одбрани, а Танкоски и Пешевски реализираа по четири гола. За мечевите со Грузија во „Борис Трајковски“ влезот ќе биде слободен.