Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола го пречекуваат Кадетен Шафхаузен

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, силите ќе ги одмерат со Кадетен Шафхаузен од Швајцарија.

Меѓународниот натпревар ќе се игра во рамки на 3. коло од групата „Д“ на ракометната Лига Европа и без присуство на публика.

– Кадетен Шафхаузен се цврста дефанзивна екипа, со силен противнапад. Тоа е нивната главна карактеристика и на тој сегмент ќе посветиме посебно внимание. За успех на вечерашниот натпревар треба да бидеме стрпливи во нашата игра во нападот, најави Жељко Бабиќ, тренер на Еурофарм Пелистер, пред вечерашниот ракометен дуел во Битола.

Битолчани и гостите од Швајцарија досега во два наврати се сретнале на европската ракометна сцена и имаат по една победа и пораз, а третата средба е закажана за вечер во 18.45 часот.