Ракометарите ги добија противниците за квалификациите за ЕП 2022


Македонските ракометари ги добија противниците во квалификациите за ЕП 2022 година.

За пласман на континенталниот собир, кој ќе се игра во Унгарија и Словачка, „црвено-жолтите“ ќе треба да се изборат со Швајцарија, Финска и Данска.

ЕП 2022 ќе се игра во препознатливиот термин во месец јануари, а квалификациите ќе стартуваат во месец ноември.

Квалификациите ќе стартуваат на 4 ноември, а ќе завршат на 2 мај идната година.
Пласман на Европското ќе обезбедат првопласираните две репрезентации од сите групи како и четирите најдобри третопласирани селекции.

Шампионатот ќе се игра од 13 до 30 јануари 2022 година.

Селекторот на машката ракометна репрезентација по добивањето на противниците во квалификациите за ЕП 2022 изјави дека групата „не е ниту лесна, ниту најтешка“.

По денешната ждрепка, Македонија се најде во групата 7 за европскиот шампионат кој ќе се игра во Унгарија и Словачка, заедно со Данска, Швајцарија и Финска

– Групата е коректна. Не е ниту лесна, ниту најтешка. Данска е фаворит, а со Швајцарија и со Финска можеме до позитивен резултат на сите натпревари. Ни преостанува период за подготовка и анализа на противниците и се надевам дека сите репрезентативци ќе имаат запазени улоги во своите екипи и ќе бидат максимално подготвени за квалификациските дуели, изјави Брестовац.

Европското Првенство ќе се одржи во период од 13 – 30 Јануари 2022 година.

Квалификациски групи за пласман на ЕП 2022:

Група 1: Франција, Србија, Белгија, Грција
Група 2: Германија, Австрија, Босна и Херцеговина, Естонија
Група 3: Чешка, Русија, Украина, Фарски Острови
Група 4: Исланд, Португалија, Литванија, Израел
Група 5: Данска, Холандија, Полска, Турција
Група 6: Норвешка, Белорусија, Летонија, Италија
Група 7: Данска, Македонија, Швајцарија, Финска
Група 8: Шведска, Црна Гора, Романија, Косово

Термини на одигрување на натпреварите:

1 коло: 04/05 ноември 2020
2 коло: 07/08 ноември 2020
3 коло: 10/11 март 2021*
4 коло: 13/14 март 2021*
5 коло: 28/29 април 2021*
6 коло: 02 мај 2021*