Стоилов има корона вирус, Вардар без капитенот против Нексе


Играч на РК Вардар е позитивен на коронавирусот.

Поради овој случај сите играчи и членови на стручниот штаб повторно заминале на тестирање. Резултатите ќе покажат дали уште некој е заразен со вирусот.

Ракометарите на Вардар од почетокот на подготовките два пати беа тестирани и тогаш сите резултати беа негативни.

Македонскиот ракометен шампион Вардар на претстојниот натпревар од осминафиналето во СЕХА лига против хрватски Нексе, ќе биде без капитенот Стојанче Стоилов кој е позитивен на коронавирус, потврдија попладнево од клубот.

Стоилов се чувствува добро и е во домашна изолација.

Дали покрај Стоилов и повредените бекови Ловро Јотиќ и Крстијан Дисингер, тренерот Стевче Алушовски нема да може да смета и на некој друг играч ќе се знае по добивањето на резултатите од тестовите на другите ракометари.

Натпреварот Вардар – Нексе е закажан за в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20.15 часот.

За потсетување, Стоилов пред неколку денови доби принова во семејството откако на свет неговата сопруга Деница го донесе Бојан.