Ракетирана болница во Днипро, еден загинат, 15 повредени

За време на руското гранатирање на Днипро, една од ракетите погоди болница. Според последните податоци, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски, едно лице загинало, а 15 се повредени.
„Справувањето последиците од гранатирањето и спасувањето на жртвите продолжуваат на лице место. Вклучени се сите потребни служби“, напиша Зеленски на Телеграм и објави снимка од последиците од гранатирањето.
❗️ At least one person died and 16 were injured, among them two children, as a result of a strike on a outpatient clinic in #Dnipro. pic.twitter.com/PZNRJ8ZMuU
— NEXTA (@nexta_tv) May 26, 2023
Во објавата на Зеленски се вели дека ракетата ја погодила зградата на клиниката. Судејќи според видеото од местото на настанот, кое го објавуваат украинските медиуми, станува збор за болница или дневна болница во поликлиника.
Шефот на регионот Днепропетровск, Серхиј Лисак, исто така пријави еден загинат и 15 повредени, меѓу кои и две деца од три и шест години, и објави фотографија од последиците од гранатирањето, прецизирајќи дека се запалиле две згради.
Во исто време, Денис Пушилин, лидерот наметнат од Русија на окупираниот регион Донецк, изјави дека градот Донецк е под оган од украинските сили. Тој објави на Телеграм:
„Непријателот го изложува Донецк на зголемено гранатирање. Во 9 часот, областа Калинински во градот беше нападната од американските системи ‘Химарс’. Како резултат на тоа, една млада жена почина, а друга е повредена.
Половина час подоцна, истиот плоштад беше повторно нападнат со истото оружје – во моментот кога на местото на гранатирањето работеа новинари, спасувачи и други служби за одговор“.
Тврдењата не се независно потврдени.