Ракетиран центарот на Харков – петмина загинати


 

Како резултат на гранатирањето на централните области на Харков, пет лица загинаа, а уште седум беа повредени. Ова го соопшти градоначалникот на градот Игор Терехов.

Шефот на регионалната воена администрација во Харков, Олег Синегубов, пак објави четворица мртви и девет повредени во Харков. Тој предупреди на можноста за ново гранатирање на градот и ги повика локалните жители да останат во засолништа.

Според Терехов, градот бил гранатиран од артилерија. Според прелиминарните податоци, регистрирани се вкупно осум удари, вклучително и во местата на одмор на жителите на Харков. По гранатирањето, избувна пожар во една од станбените згради во центарот на Харков. Службите за итна помош се на терен.

Синегубов ја обвини руската војска за гранатирање на Харков. Министерството за одбрана на Руската Федерација сè уште не ја коментираше оваа информација.