„Ракетата стигнува за една минута“: Путин му се заканувал на Борис Џонсон уште пред да почне војната
Документарна емисија во три дела на Би-Би-Си ги открива настаните пред руската инвазија на Украина
Путин му се закануваПоранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му се заканувал со ракетен напад во „невообичаен“ телефонски разговор пред војната во Украина.
„Во еден момент (Путин) ми се закани и ми рече: ‘Борисе, не сакам да те повредам, но со проектил ќе биде потребно само една минута.“ Или нешто слично“, рече Џонсон во емисијата во три дела на Би-Би-Си, во која се зборува за односите меѓу Западот и Русија во годините пред војната.
Разговорот се случил во февруари по последниот обид на Џонсон да ја покаже западната поддршка за Украина со лична посета на Киев. Малку подоцна, на 24 февруари, Путин нареди инвазија на Украина.
Поранешниот британски премиер, кој ја напушти функцијата во септември, вели дека го предупредил Путин на строги санкции и повеќе војници на НАТО на границите на Русија доколку таа ја нападне Украина.
Тој се обиде да го убеди дека Украина нема да биде дел од НАТО во догледна иднина, откако Путин го праша колку долго мисли со тоа што Украина нема да се приклучи на алијансата „наскоро“. Една од причините за тензијата изразена од Русија додека трупаше војници на границата со Украина беше нејзината „политика на отворени врати“: НАТО целосно не ја отфрли можноста Украина да се приклучи, иако лидерите на блокот уверија дека тоа е малку веројатно да се случи во наредните децении.
Девет дена по разговорот на Џонсон со претседателот Путин, на 11 февруари, министерот за одбрана Бен Валас одлета за Москва за да се сретне со неговиот руски колега Сергеј Шојгу.
Документарецот на Би-Би-Си „Путин против Западот“ открива дека Валас си заминал со уверување дека Русија нема да ја нападне Украина, но тој рече дека двете страни знаеле дека тоа е лага.
Тој го опиша како „демонстрација на малтретирање или сила, што е: Ќе те лажам, знаеш дека лажам и знам дека знаеш дека лажам, но и понатаму ќе те лажам“.
„Мислам дека се работи за тоа да се каже ‘Јас сум моќен’“, рече Валас.
Тој рече дека „прилично застрашувачката, но директна лага“ го потврдила неговото верување дека Русија ќе изврши инвазија. Кога го напушташе состанокот, тој рече дека генералот Валери Герасимов – началникот на Генералштабот на Русија – му рекол „никогаш повеќе нема да бидеме понижени“.
Друга значајна средба во месеците пред руската инвазија на Украина беше со директорот на ЦИА Вилијам Барнс, кој слета во Москва на 2 ноември 2021 година.
Бернс со часови кружеше над руската престолнина, бидејќи густата магла го спречи неговото слетување, но кога конечно пристигна во Кремљ, откри дека Путин не е таму. Наместо тоа, тој замина во Сочи на Црнто Море среде скок на инфекции со ковид.
Двајцата разговараа по телефон.
Директорот на ЦИА рече дека бил директен во изнесувањето на пораката што претседателот Бајден му ја испратил да ја пренесе: САД знаеле што прави Путин и тој би платил висока цена ако започне таква инвазија. Тој рече дека рускиот претседател не негирал оти планирањето е во тек и ги наведе поплаките за Украина и Западот.
„Бев вознемирен пред да пристигнам во Москва. А бев уште повеќе вознемирен откако заминав“, додаде Барнс.
Додека тенковите ја поминуваа границата на 24 февруари, Џонсон доби телефонски повик среде ноќ од претседателот Зеленски.
„Зеленски беше многу, многу мирен“, се сеќава Џонсон. „Но, ми вели, знаете, тие напаѓаат насекаде“.
Џонсон вели дека понудил помош за преместување на претседателот на безбедно.
„Тој не ја прифати таа понуда. Тој херојски остана таму каде што беше“.