Ракета Фалкон 9 на Елон Маск ќе удри во Месечината и ќе експлодира


Ракета Фалкон 9, која во 2015 година беше лансирана од „Спејс икс“, ќе удри во Месечината и ќе експлодира.

Станува збор за ракетата Фалкон 9 која успешно ја изврши својата мисија, но немаше доволно гориво да се врати кон Земјата, па остана во вселената. Астрономот Џонатан Мекдавел за Би-би-си изјави дека ова ќе биде прв познат неконтролиран судир на ракета и Месечината, но ефектот ќе биде мал.

Ракетата е напуштена во високата орбита пред 7 години, откако успешно изврши мисија на испраќање метеоролошки сателит. Беше дел од програмата на истражување на вселената од основачот на „Спејс икс“, Илон Маск, а со цел колонизација на други планети.

Од 2015 година на ракетата делуваат различни гравитациски сили кои потекнуваат од Земјата, Месечината и Сонцето, поради што нејзините движења се прилично хаотични.

„Таа е мртва, само ги следи законите на гравитација“, вели Мекдавел.

Ракетата се смета за вселенски отпад, машинерија исфрлена во вселената по вршење мисија.

„Во последнните неколку децении настанаа околу 50 големи објекти кои веќе не може да ги следиме. Ова можеби се случило многу пати претходно, но ние не сме го забележале. Ова е првиот потврден случај“, објасни астрономот.

До судир ќе дојде на 4 март, кога ракетата ќе експлодира по контакт со површината на Месечината.

„Во суштина, тоа е празен метален резервоар тежок 4 тони, а ракетниот мотор се наоѓа во задниот дел. Ако замислите фрлање на ова кон карпа со брзина до 1.400 км/час, јасно ви е што ќе се случи“, вели Мекдавел.

По судирот ќе се создаде мал „вештачки“ кратер на површината на Месечината.