Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли го добија третото дете


САД-Холивудската двојка Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли го доби третото дете

Не е познат полот на бебето што го прошири семејството на пет члена, со оглед на тоа дека двојката веќе ги има четири и полгодишната Џејмс и две и полгодишната Инез.

Рејнолдс и Лајвли се во брак од 2012 година, а тој има уште еден брак зад себе, со холивудската актерка Скарлет Јохансон, со која беше од 2008 до 2011 година.

Блејк отсекогаш кажувала дека сака големо семејство.

„Да можам, би имала 30 деца“, изјави таа за списанието Allure во 2012 година.