Рајан Гослинг како Кен на Барби со исончан тен и со бланширана коса


САД– Рајан Гослинг ќе го глуми момчето на познатата кукла Барби, во истоимениот игран филм на режисерката Грета Гервиг. На изненадување на обожавателите, продукциската куќа „Ворнер брос“ ја објави и првата слика од глумецот како Кен. Гослин е со тотално сменет имиџ- со стомачни мускули, исончан тен и бланширана коса.

 

Прикажувањето на филмот „Барби“ засега е закажано за 21 јули 2023, а насловната улога ѝ припадна на Марго Роби.

Во другите улоги глумат Вил Ферел, Мајкл Сера, Ема Меккеј и други познати холивудски имиња. Сценариото Гервиг го пишува со Ноа Баумбах.