Радев зборува за „тешки последици“ ако Петков го кренел ветото

Бугарскиот претседател не го коментира наводниот француски предлог, но испрати остро предупредување до владата да не мисли на „измами“


Румен Радев

Радев зборува за „тешки последици“ ако Петков го кренел ветото

Бугарскиот претседател не го коментира наводниот француски предлог, но испрати остро предупредување до владата да не мисли на „измами“

Никој не кажува јавно што содржи фарнцускиот предлог за кревање на бугарската блокада за македонија, но сите зборуваат за катастрофични сценарија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера изјави дека тоа бил „нокаут за македонската дипломатија“, иако не знае што има во предлогот, а бугарскиот претседател Румен Радев денеска даде остро предупредување до премиерот Кирил Петков да не помислува да ја крева рампата идната недела во Брисел.

Радев предупреди дека „секоја измама или обиди за замена и заобиколување на националната позиција ќе има тешки последици“. Според него, Владата „мора да го отфрли секој сомнеж дека може да се повлече од ветото за Македонија“.

„Знаете дека премиерот следната недела заминува во Брисел и мора да го брани националниот интерес. Затоа и народното собрание и Бугарите мора однапред и јасно точно да знаат кој став ќе брани премиерот и не може да отстапи од рамката на Консултативниот совет за национална безбедност“, истакна бугарскиот претседател.

И покрај овие предупредувачки зборови Радев не ја коментираше суштината на француското претседателство. Според дипломатски извори од Бугарија Париз наводно бил подготвен да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Македонија и Европската Унија за да стане гарант за нивно спроведување. Но кои се тие барања никому не му е јасно. Дали трите што неодамна ги објави премиерот Петков или некои од нив се филтрирани не се знае. За да биде усвоена, преговарачката рамка се очекува да биде одобрена од сите земји земји-членки на ЕУ.

Министрите за надворешни работи на неколку земји на ЕУ (Австрија, Полска, Словачка, меѓу другите) се на Преспа форумот во Охрид и сосем веројатно е дека за овој предлог на Франција станалао збор  во нивните меѓусебни средни , а и на разговорите со министерот за надворешни работи Бујар османи.

Еден сличен предлог на крајот на 2020, на германското претседателство со со ЕУ, кога во заклучќоците за Западен Балкан беше вметнато барањето на Бугарија за историјата бееа блокирани од Чешка и Словачка.

Разнишаната влада на Петков во обид да ги смири шпекулациите за Македонија, официјално му ја префрли улогата на парламентот да одлучува за сите прашања поврзани со блокадата на Македонија. Бугарија со години инсистира ЕУ да стане гарант за исполнување на бугарските барања, но досега не наиде на разбирање од нејзините европски партнери.

Во бугарската влада БСП останува тврдо против укинување на ветото: Потпретседателот на собранието и поранешен министер за надворешни работи, Кристијан Вигенин, денеска за државното радио изјави дека „нема да има укинување на ветото, без оглед на предлогот што доаѓа од француското претседателство“. Прашање е дали е е тоа само став на е само став на БСП или за ова прашање се разговарало со другите две партии од коалицијата, ПЧродолжуваме со промената и Демократска Бугарија.

Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 оцени дека ЕУ спроведува лицемерна политика. „Покрај овој нокаут за македонската дипломатија кој што го слушаме сега, слушам уште еден, би рекол преседан, а тоа е да се уценува Македонија, земја кандидат, а притоа да се излезе со позиција дека Украина заслужува кандидатски статус. Македонија беше во 1999 добар домаќин на стотици илјади НАТО војници. Имавме војна на нашата северна граница, никој тогаш не ни рече од утре сте членка на НАТО, туку напротив, повторно бевме уценувани да менуваме име, менуваме устав за да еден ден бидеме членка на НАТО. Македонија имаше внатрешен конфликт, никој тогаш не кажа од утре сте земја кандидат  за ЕУ, чекавме до 2005“. „„Ако е ова предлогот таква иднина јас не сакам. Не сакам да ме асимилираат ниту мене, ниту моите два сина“, нагласи Мицкоски. (Н.В.)