Радев се жалел од Скопје на самитот во Молдавија
Бугарскиот претседател Румен Радев ѝ се пожалил на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, дека било недопустливо земји кандидати за членство во ЕУ да се мешале во содржина на европски документи. Тоа е наведено во соопштението пренесено од канцеларијата на Радев за неговата средба на самитот на Европската политичка заедница во Кишињев, Романија.
Во соопштението не се наведува за кои документи се работи, но се претпоставува дека би требало да се однесува на извештајот на Европскиот парламент за Македонија, на кој бугарските европратеници поднесоа десетици амандмани, а чие изгласување неодамна беше одложено.
Радев ѝ се заблагодарил на Мецола за реакцијата на Европскиот парламент по одлуката на македонските гранични власти да не го дозволат влегувањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев, на почетокот на мај поради групата во којашто се наоѓаше.
Радев ѝ рекол на Мецола дека овој чин е спротивен на европските принципи и било непочитување кон претставник на институција на ЕУ. Тој додаде дека ова не бил изолиран случај и дека Скопје ги нарушува добрососедските односи. Тој уште зборувал дека Македонија не можела да го надмине тотталитарното минато затоа што подгтовувала црни списоци за бугарски граѓани.