Радев омекнува, сега може да почнат преговорите
Бугарија е одговорен член на Европската унија и нема да дозволи нерешени билатерални прашања да го поткопаат единството на Унијата, му порачал бугарскиот претседател Румен Радев на германскиот колега Франк Валтер Штајнмајер.
– Декларацијата, која едногласно беше усвоена во Собранието, треба да биде вградена во главата 35 од преговарачката рамка на Република Северна Македонија со јасно утврдени критериуми и временски рокови, кои треба да се контролирани за време на целиот преговарачки процес. Ако слично решение не е возможно, нашата држава ќе работи на двострано решение со Република Северна Македонија, во кое, со духот на добрососедството и пријателството, ќе бидат надминати сите билатерални прашања, предложил Радев.
Од неговиот кабинет дополнуваат дека став на двајцата претседатели е дека Македонија има клучно значење за стабилноста во регионот. Радев најавил дека ќе бара јасни правно обврзувачки гаранции, со кои нема да бидат поставени под прашалник од страна на надворешни фактори бугарската нација и културно-историското наследство, како клучни елементи на националниот идентитет.