Радев: Контраофанзивата на Украина беше најголемата грешка


 

Најлошата стратешка грешка за време на војната во Украина беше контраофанзивата на државата нападната од Русија. Ова го коментираше бугарскиот претседателот Румен Радев на конференција во Софија, јавуваат државните медиуми БНР и БТА

„Бев убеден дека токму пред оваа контраофанзива дека е време да се седне на преговарачка маса. Украина беше во подем и дури тоа го споделив со претседателот (Володимир) Зеленски, кој беше овде (во Бугарија) веднаш на почетокот. Тогаш реков дека дека единствениот начин е побрзо да седнете на преговарачка маса и да размислите за рационална формула за мир. Кога немате некоја суштинска технолошка предност, офанзивата станува коцкање. Сега ги гледаме резултатите. цената досега е околу 100.000 жртви само на украинска страна, само за оваа контраофанзива“, рече бугарскиот шеф на државата.

Според него, во моментов е тешко да се реши конфликтот дипломатски, бидејќи Русија почувствувала воен подем и ја отфрла можноста за преговори.

„И ние мора да најдеме таков договор што ќе ја гарантира безбедноста на двете земји. Мораме да го бараме одговорот за основите на новата безбедносна архитектура – и европска и глобална. Мораме да прифатиме дека времето да се бара мир навистина дојде преку дипломатски и политички средства.Ова во никој случај не значи повлекување пред агресорот“, потенцираше и Радев.

Според него, постои многу сложена дипломатска дилема. Ако војната во Украина не заврши со договорен прекин на огнот, жртвите и уништувањата ќе се зголемат, и тоа со уште поголема стапка. Но, ако Украина и цивилизираниот свет се помират со одземените територии добиени со сила, тоа значи дека прифаќаме дека во наше време е можно да се решаваат такви прашања со сила, коментираше Радев.