Рација во Германија: Уапсени десетици во акција против италијанската мафија


Германската полиција уапси десетици луѓе ширум земјата во рамки на истрагата против италијанската мафија Ндрангета, соопшти германското обвинителство и полицијата.

Полицијата уапси четири лица во покраината Баварија, 15 во Северна Рајна-Вестфалија и 10 во покраината Рајнланд-Палатинат. Значителна количина доказен материјал е обебезден при рацијата на десетина локации, куќи и канцеларии.

осомничените се товарат за перење пари, затајување данок, проневера и криумчарење дрога, се наведува во соопштението на вишото обвинителство.

Акцијата е изведена во рамки на истрагата на полицијата на Германија, Белгија, Франција, Италија, Португалијаи Шпанија, како и Европол и Евроџаст.