Работник во кино доби на лото, па изгуби 19 милиони евра


 

Добитник на лото во Австралија, кој ја освоил наградата во вредност од речиси 19 милиони евра, остана без пари по низа катастрофални инвестиции.

Поранешниот работник во кино Шериф Гиргис, имал само 23 години кога освоил џек-пот од 30 милиони австралиски долари во 2007 година (18,9 милиони евра).

Откако се посоветувал со агент за недвижности во Перт, решил да го одврзе ќесето, па купил паб, луксузен брод, ноќен клуб и дел од земјиште со поглед на море.

Потрошул повеќе од 800.000 евра на уредување на пабот, но во рок од три години изгубил 620.000 евра.

И останатите потфати му пропаднале, а Гиргис останал без среќа. Покренал правна постапка против Расел Поливка, бизнисмен на кого му го доверил управувањето со неговото богатство.

Но, судот, минатата недела пресудил Поливка да му исплати на Гиргис само 1,2 милиони евра, а не комплетното богатство, на што тој се надевал.

– Поливка донесуваше одлуки во името на господинот Гиргис. Тој му се обратил за совет и работел онака како што Поливка му советувал.Утврдено е разумно потпирање на погрешно или нејасно застапување на господинот Поливка, како и на немарно советување од истиот – речено е во судот.

Како што пренесе Западна Австралија, поранешниот милионер потрошил 1,6 милионеи евра на ноќниот клуб, но наводно ова место било преценето.

Исто така, купил и луксузен брод по средбата со бизнисменот Поливка во 2012 година. Сега остана без ништо.