Работата на судиите ќе се проверува на шест месеци


Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, посочи денес дека покрај досегашните, значително се менуваат протоколите за оценка на јавните обвинители, од кои пред се се бара одговорност.

„Овие прашања се од суштествено значење за ЈО, за да се постигне мерливост на работата на јавните обвинители. Целта на ова е да се засили нивната одговорност. Во правилникот за оценување на работата на јавните обвинители се доработени основите за оценување. При проверка на работата, ќе се ценат, стручност, ажурност, ефикасност, непристрасност, стручно усовршување, како и организациски способности. Оценувањето се врши на секои 4 години. Но, тие ќе се оценуваат врз основа на шестмесечни активности, односно 6 предмети, од кои 3 по случаен избор, а три по избор на јавниот обвинител. Ова се новите правила и прописи, меѓутоа обвинителството и натаму ќе постапува и ќе врши увид во предметите каде има претставки. Предвидени се исто така и дисциплински одговорности“, истакна Јовески.