Рабио и Реал Мадрид постигнаа договор


Адриен Рабио и Реал Мадрид постигнаа усен договор, известува „Канал +“.

Француската телевизија тврди дека тренерот на тимот од Мадрид, Зинедин Зидан, ќе го привлече играчот од средниот ред на Париз Сен Жермен во текот на летото и ќе го гради својот нов тим околу него.

Дваесет и три годишниот Рабио може да стане трето ново пополнување на „белите“ за новата сезона. Реал веќе го потврди привлекувањето на Едер Милитао и Родриго.

Трансферот на Рабио се очекува да биде официјално објавен за околу една недела.

Французинот влегуваше во плановите на шпанскиот гигант уште минатото лето, кога се бараше заменик на хрватскиот репрезентативец, Матео Ковачиќ кој замина во насока Челзи.